Општините ќе добиваат средства од приходите од ДДВ
Владата на денешната седница ја усвои Предлог – уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2019-та година.
– Според пресметката којашто ја подготви Министерството за финансии, средствата ќе се распределуваат по следниот модел: фиксен дел во износ од три милиони за сите општини и градот Скопје и променлив дел којшто ќе се распределува според математичка формула – во зависност од бројот на жителите во општината – 65 отсто, во зависност од површината на општината – 27 отсто и според бројот на населени места во општината – 8 отсто, се наведува во соопштението од владината прес-служба.