Пијан скопјанец превртувал маси во кафеана и си скршил чаша од глава

Сопственичка на кафеана, во текот на вчерашниот ден, во полициската станица во Драчево, пријавила дека во објектот лоциран на улицата „Бранко Заревски“, 28-годишен гостин го нарушил јавниот ред и мир.

 

Според пријавеното, младиот скопјанец кој бил под дејство на алкохол, во еден момент почнал непристојно да се однесува, да превртува маси и да крши чаши. Една чаша скршил од својата глава и се повредил, по што со брза помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

По укажаната лекарска помош, тој бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото извршила полициска екипа и во моментов се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави