Подгответе вкусна и брза салата од боранија.
Состојки:
500 грама млада боранија
100 грама моркови
200 грама кисела павлака
300 грама мајонез
Малку лук, магдонос, копар, лимон и сол
Подготовка:
Исчистете ја боранијата, пресечете ја на половина и варете ја во солена вода заедно со морковите, околу 30 минути додека добро да омекне. Прецедете ја водата од боранијата и оставете ја добро да се излади.
Во сад измешајте ги павлаката, мајонезот, ситно исецкан магдонос, лук, копар и сок од еден лимон.
Целата смеса измешајте ја добро и прелијте ја врз боранијата, посолете по вкус и послужете.