Семејна трагедија во Германија – мајка и три деца најдени мртви во куќа

Во германската покраина Баерн, во местото Гунзхаузен, полицијата утрово реагираше на повик, но полицајците не очекувале да видат толку трауматична глетка.

 

Полицијата во куќата ги нашла телата на три деца на возраст од три, седум и девет години, како и телото на мајката (39).

Во истата куќа најден е и 39-годишен маж со тешки повреди.

Мажот наводно е таткото на трите деца, а неговите повреди се резултат на пад од висина.

Полицијата не соопшти повеќе информации за инцидентот, а истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави