Дошол од Урошевац за да краде во Скопје

Триесетиседум годишен косовар  вооржен со пиштол провалувал во куќи во Скопје. Тој е уапсен. Како што информираа од полиција станува збор за лицето   А.А. (37) од Урошевац, Република Косово, а со постојано место на живеење во скопското село Инџиково. Тој при разбојничките кражби се стекнал со имотна корист од околу 123.000 денари.

 

На  15 март годинава, во ноќните часови провалил во кебапчилница на ул. „Маџари“ во Скопје,, но не одзел ништо бидејки се вклучил алармот.

Во вториот случај, пак, на 2 јуни влегол во куќа на ул. „Иван Цанкар“ во Скопје при што одзел 2.000 евра, мобилен телефон, пет машки часовници и машки парфеми. На излегување од куќата се сретнал со сопственикот и му упатил закана дека има пиштол, по што оштетениот се исплашил и побегнал, а А.А. исто така избегал.

На 22 овој месец бил извршен претрес во неговиот дом  при што биле пронајдени и одземени пари и други предмети, како и една пушка со преклопен кундак непозната марка и калибар, една рамка наменета за пушка со четири куршуми, еден пластичен пиштол со рамка, еден револвер непозната марка и еден електро парализатор. На одземеното оружје било извршено вештачење, при што било утврдено дека се работи за исправно функционално автоматско огнено оружје од кинеско производство.

А.А. е лишен од слобода и приведен во Полициската станица Карпош.

Треба да знаете
Последни објави