Италијанскиот министер за внатрешни работи се сомнева дека ЕУ ќе постои во 2019 година

 Европската унија се соочува со егзистенцијална криза и може да се распадне за една година, изјави италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Матео Салвини.

 

Салвини рече дека Самитот на ЕУ  кој неделава ќе се одржи во Брисел, а каде главна тема ќе бидат споровите околу миграцијата и буџетот, ќе покаже дека заедницата е „поделена повеќе од кога и да е”.

„Во следните месеци ќе се одлучи дали Европа се уште има иднина во сегашната форма или целата работа стана бесмислена“, вели тој.

„Не станува збор само за буџетот за наредните седум години. Следната година ќе има нови избори за Европскиот парламент. За една година ќе видиме дали обединета Европа сѐ уште постои или не“, вели италијанскиот министер.

Салвини е лидер на италијанската десничарска партија „Лига”, а меѓу европските сојузници му се унгарскиот премиер Виктор Орбан, шефицата на француската екстремна десница Марин Ле Пен и анти-ЕУ германска партија „Алтернатива за Германија”.

Aко овие партии победат на изборите за ЕП на штета на оние кои се залагаат за единство на ЕУ, како што се – Партијата на европските социјалисти и Европската народна партија – тоа ќе доведе до големо преуредување на политиката во ЕУ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави