Коцки со фил од кокос и растопено чоколадо

Направете вкусни колачи со кокос кои веднаш ќе се изедат.Ова е рецептот:

 

СОСТОЈКИ ЗА КОРА:

160 мл. млеко

125 гр. маргарин

125 гр. шеќер

300 гр. мелени бисквити

КОКОС ФИЛ:

160 мл. млеко

125 гр. маргарин

120 гр. шеќер

200 гр. кокос

ГЛАЗУРА:

200 гр. чоколадо

50 гр. маргарин

2 лажици масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се топат млекото со шеќерот и маргарин, а откако ќе зовријат се ставаат и бисквитите, па се става на плех смесата и се порамнува.

Стопете го млекото за кокос филот со маргарин и шеќер, додајте кокос кога ќе зоврие.

Ставете го и овој дел врз кората во плехот.

Ставете во ладилник околу еден час.

Направете ја глазурата, растопете чоколадо со масло и маргарин и прелијте го оладениот колач, па стегнете уште малку.

Наросете кокос.

Треба да знаете
Последни објави