МВР акција: Жени од Косово и Словенки незаконски работеле како танчерки, дел приведени
Во периодот од 23.30 часот на 26.06.2018 до 03.00 часот на 27.06.2018 година полициски службеници од СВР Тетово и од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Добридол, гостиварско, сопственост на Б.Р.(25) од истото село.
Притоа, во објектот биле затекнати седум женски лица (танчерки), а од нив четири биле странски и три државјанки на Република Македонија. Четирите странски државјанки (три од Република Косово и една од Република Словенија), на возраст од 20 до 32 години, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.
Во исто време била спроведена акциска контрола и во угостителски објект во село Чегране, гостиварско, во кој биле затекнати осум женски лица, сите македонски државјанки.