Возач излетал на патот Прилеп – Градско

Возач на „ивеко“ излетал на патот Прилеп – Градско. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 14 часот на патот Прилеп – Градско во атарот на селото Камен Дол. Н.С.(23) од село Кучевиште, Скопско, управувајќи товарно моторно возико „ивеко“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото кое излетало надвор од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.С., а со телесни повреди се здобил сопатникот С.Т.(21) од Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави