Надворешната канцеларија за криминалистички истраги Виница поднесе кривична пријава против Д.Р. (31), жител на виничко село, поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.
Настанот се случил на 18.6.2018 година кога пријавениот се обидел да силувал 16-годишно девојче кое ги напасувало овците во атар на селото.