Македонски туристи не побарале помош и не пријавиле штети по невремето во Грција

Македонски граѓани кои летуваат во Грција досега не побарале помош и не пријавиле штети по вчерашното невреме што го зафати полусотровот Халкидики.

 

Нема јавувања ниту за поплавени објекти во кои се сместени туристите.

Од македонското Министерство за надворешни работи засега немаат информации за евакуирани туристи и пријавени материјални штети на возилата.

Од туристичките агенции  информираат дека не се откажуваат аранжманите и оти немаат јавувања за поголеми поплавувања на вилите и апартманите во кои се сместени туристите освен дека во некои делови на вториот крак немало струја.

Нема пријави ниту за оштетени возила. Од осигурителните компании велат дека се уште е рано за такво нешто бидејќи пријавата се прави со полициски записник од самото место.

На социјалните мрежи туристи кои во моментот се наоѓаат на летување во Грција секојдневно објавуваат снимки со поплавени улици и возила. Најпогодени од вчерашното невреме се Никити и Метаморфози на вториот крак.

Најмногу проблеми има на Ситонија каде се поплавени куќи и други објекти. Во Никити  поплавени се патиштата што предизвика проблеми во сообраќајот. Реката Агиос Николаос е излеана од своето корито. Евакуирани се гости од неколку хотели, а десетина автомобили се оштетени.

Треба да знаете
Последни објави