Лионел Меси и Маркос Рохо синоќа ги постигнаа двата погодоци за Аргентина против Нигерија, погодоци кои што ги одведоа „Гаучосите“ во следната фаза од Мундијалот.
На Аргентинците им беше потребно исклчиво победа а до 86-та минута Нигерија имаше 1:1, резултат кој што африканската репрезентација ја носеше во следната фаза. Сепак, тогаш Рохо го постигна голот вреден три бода за Аргентинците, кои што претходно во 14-та минута поведоа преку Меси.
После натпреварот, Лионел Меси изјави дека верувал во Бог и знаел дека тој ќе биде со него и неговите соиграчи синоќа.
„Бевме уверени дека ќе победиме на овој натпревар. Чудесно е што успеавме на овој пат, нашата радост е заслужена. Знаев дека Бог е со нас и дека не нема напуштено“, изјави Лионел Меси.