За нормален и продуктивен живот поединецот мора да биде здрав – ментално и физички. Анксиозноста претставува голема пречка кон тоа, а обично се создава од страв или надеж дека сакаме нешто недостижно, како и актуелните животни проблеми, односно нешто што не мачи и притиска од внатре.
Кога чувствата на паника и вознемиреност ќе го обземат вашето тело, обидете се со помош на овие едноставни техники да ја победите анксиозноста.
Правeте склекови
Склековите се најдобар начин да не мислите на проблемите и да обезбедите доволна количина на крв да помине низ вашето тело, за да ви биде полесно. Склековите не прават посилни, но не само физички, туку овозможуваат посвесно да ги согледуваме работите, поради забрзаната циркулација на крвта низ нашиот мозок. Кога ќе почнете да ги правите помалку ќе размислувате за своите проблеми, со што ќе ја редуцирате анксиозноста.
Дишете длабоко
Кога ќе почувствувате дека се соочувате со паника и мислите дека нема да успеете да се изборите со неа, вдишете длабоко неколку пати. Направете рационален план и замислете акција која ќе направи да не размислувате негативно, односно да не дозволите паниката да завладее со вас. Вдишувајте и издишувајте длабоко, слушајте го секој шум околу себе, бидејќи на тој начин нема да бидете концентрирани на проблемите. Дишете длабоко се додека не се почувствувате смирено.
Возете велосипед
Можеби ќе ви звучи чудно, но оваа активност навистина помага. Не само што возењето на велосипед е еден вид на вежба, туку ве става во темпо на ритмичко вежбање. Додека се возите низ паркови, вие се поврзувате со природата, а тоа ви помага да пронајдете мир.