Апелациониот суд за 9 јули во понеделник закажа седница на која ќе ја разгледува жалбата на СЈО за предметот „Тифани” на СЈО, во кој Kривичниот суд ја осуди на условна казна новинарката Ивона Талевска.
Со тројката судии ќе претседава судијката, Тања Милева.
Ивона Талевска доби условна казна од две години затвор кои нема да ги одлежи ако 4 години не стори ново кривично дело. Талевска треба да ја врати целата сума за која што беше обвинета во предметот „Тифани“.