Македонски туристи заедно со Срби и Грци ваделе автомобили од море

Во поплавените подрачја во грчките одмаралишта денеска туристите го минале така што со заеднички сили со надлежните служби ги ваделе потопените автомобили од морето.

 

-Во Метаморфозис луѓето од Србија им помагаа на Грците да ги извлечат потопените автомобили од морето, а во Никити прв кој пришол да помогне на луѓето од автомобилите кои завршиле во морето, пред полицијата и пожарникарите, беше човек од Македонија- наведува сајтот Грчка Инфо на својата фејсбук страница.

Во метаморфозис и Ормос Панагис, Никити најмногу е погоден во вчерашното невреме и таму материјалните штети се најголеми, а сите Грци се на улиците од рано наутро, чистејќи ги улиците, плажите, продавниците и куќите.

Повеќето локали и продавници работат норамално, а туристите од неколку хотели и вили се евакуирани во други сместувања.

Според сегашните прогнози, ако дождовите престанат, Никити би требало да биде доведен во нормална состојба за најмногу 2 до 3 дена.

Треба да знаете
Последни објави