18-годишно момче од Битола со нож вчера го прободело својот татко во пределот на грбот.
МВР соопшти дека таткото бил пренесен во Клиничката болница во Битола, но поради сериозноста на повредите бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.