По четири месеци одлагање, почна судењето за предметот „Трезор“. На обвинетиот ексначалник во УБК, Горан Грујевски, ќе му се суди во отсуство.
На обвинителната клупа се и Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК, заедно со Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешен шеф на неговиот кабинет.
Судискиот совет со кој раководи судијката, Џенета Бектовиќ, одлучи да не го чека известувањето на Министерството за правда за екстрадицијата на Грујевски.
Случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство се однесува на проневера на вкупно 862 045 евра за набавка на опрема од странство за потребите на Петтата Управа. На сите досегашни рочишта се повторуваа исти записници, а судијката Бектовиќ не дозволуваше камерите да го снимаат Мијалков во судницата на обвинителна клупа.