Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска роди син, кој по желба на двајцата родители ќе го носи името Петар.
Породувањето се случило во една од скопските болници, а бебето и мајката се добри.
Ова е прво дете на ексминистерката Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко Илиевски, со кого се омажи во 2010 година.
Утре ќе биде одложено рочиштето за случајот на СЈО „Тенк“, каде Јанкулоска е обвинета за набавката на „мерцедесот“.