Левиот бек на бразилската репрезентација, Марсело, синоќа беше повлечен од игра на дуелот против Србија поради повреда на грбот.
Марсело беше заменет во 10-та минута од Филипе Луис, а селекторот на Бразил, Тите, после натпреварот изјави дека станува збор за повреда на грбот.
Сепак, со оглед на тоа што станува збор за еден од најважните фудбалери на Бразил на Мундијалот во Русија, јавноста со нетпение очекува да дознае повеќе за повредата, а за тоа се обиде повеќе да открие докторот на бразилската репрезентација.
„Се уште е рано за било какви дијагнози. Повредата може да биде поврзана со душекот на креветот во хотелската соба. Нашите очекувања се позитивни, но мораме да почекаме во следните неколку дена. Важно е дека нема повреда, туку имаше грчеви во мускулите. Штом ќе биде подготвен за тренинг, тој ќе тренира и ќе се врати на терените. Значи, не постои период за опоравување“, изјави докторот Родриго Ласман.