Маж од Гостивар ги нападнал полицајците додека се обидувале да го приведат

Триесет и тригодишниот Д.К. од Гостивар нападнал полициски службеници при обид да биде приведен.

„Тој почнал да дава активен отпор и со тупаница го удрил едниот полициски службеник во пределот на носот, нанесувајќи му фрактура со крвавење, а со повреда во пределот на десната потколеница и десната дланка се здобил и другиот полициски службеник. По кратко време Д.К. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на настанот, ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави