Лионел Меси беше расположен за разговор со аргентинските новинари откако тој и неговите соиграчи минаа низ агонија за да се најдат во осминафиналето на Светското првенство, но сепак посебно внимание предизвика еден негов одговор кој остави во шок еден од претставниците на седмата сила.
Познатиот аргентински новинар Рама Панторото му подарил црвена панделка за среќа на Меси која всушност му ја испратила неговата мајка, а вчера по крајот на мечот со Нигерија, Рама немаше проблем да го праша Лео дали амајлијата му донела среќа.
Меси брзо му одговори на Панторото и му порача дека панделката која му ја дал пред мечот со Нигерија ја носел во чорапата на левата нога, а сето тоа го остави во бунило новинарот кој не можеше да поверува каква чест им укажал капитенот со ваквиот потег.