Потпечен спанаќ

Подгответе вкусен потпечен спанаќ.

 

Состојки:

300 грама спанаќ

1 главица кромид

150 грама млеко

3 јајца

1 лажичка брашно

Малку лук и мешан зачин

Подготовка:

Спанаќот измијте го и потопете го во топла вода за да омекне, па оставете го да се исцеди. На загреано масло ставете да се пржи ситно исецкан кромид и лук, потоа додадете го спанаќот.

Посебно изматете ги јајцата, брашното и млекото, сѐ заедно соединете со спанаќот и префрлете ја смесата во огноотпорен сад, претходно премачкан со масло. Печете во загреана рерна 10 минути на 250 степени.

Потоа извадете го садот од рерната, додадете едно цело јајце и печете уште 5 минути.

Треба да знаете
Последни објави