Екипи на Брзата помош само во главниот град дневно интервенираат кај најмалку пет лица кои поради промената на температури . Сличен е и бројот на повици за мозочни удари.
Овој период поради промена на температурите екипите на брзата помош имат повеќе работа. Лекарите советуваат да се почитуваат препораките.
Еден ден топло, нареден ден температурите помали и за 15 степени. Сето тоа влијае врз врз здравјето на луѓето.
Драстичните промени на температурите во претходните денови и големата влага, влијаеја врз бројот на пациенти со срцев удар. Најопасен е преминот од ладно на топло време, предупредуваат лекарите.
Лекарите велат дека ваквото време може да биде погумно за сите срцеви болни и покрај инфаркт може да дојде до покачување на притисокот и мозочен удар.
-„Промената на времето секако влијае врз хронично болните. Наглите промени на температурите се најпогубни за кардиоваскуларните болести, па затоа значително е зголемен бројот на случаи со срцеви и мозочни удари, висок притисок, промена на срцевиот ритам… Од друга страна, исклучително зголемената влага во воздухот штети на оние кои имаат проблеми со белите дробови, особено на оние кои имаат астма.“- велат од Ургентниот центар.
Високата температура во комбинација со влажност во воздухот ги шири крвните садови и тогаш доаѓа до опаѓање на крвниот притисок. Поради тоа се смалува и протокот на крв во мозокот и може да дојде до инфаркт. Кога температурите се изразито ниски, срцето почнува брзо да работи, бидејќи мора да однесе повеќе крв и кислород до сите делови од телото. Во тие случаи доаѓа до замор на срцето.
-„Сите хронично болни, особено оние кои имаат срцеви проблеми, мораат да водат сметка кога се надвор на екстремно високи температури и обратно, особено кога има чести нагли промени. За нив тогаш е најдобро да останат дома и да мируваат, без стрес, конзумирајќи повеќе течности и лесна храна.“- предупредуваат лекарите.