Судењето за Јанкулоска одложено за 29 август

Во кривичниот суд во Скопје судијката Добрила Кацарска го одложи закажаното рочиште за издвоената постапка за предметот “Тенк”, во кој е обвинета ексминистерката Јанкулоска.

Адвокатката Сања Алексиќ до судот достави и медицинска документација за нејзината клиентка, ексминистерката Јанкулоска.

Следното рочиште е закажано по судската ферија на 29 август.

Случајот „Тенк“ се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Треба да знаете
Последни објави