Украден автомобил од скопската населба Автокоманда. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.Б.(62) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 07.00 до 14.00 часот на булевар „Александар Македонски“, непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Цитроен АХ“ со скопски регистарски ознаки. Сторителот го отворил возилото, влегол внатре и со клучот, кој бил во возилото, го стартувал и заминал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.