Бразил сосема очекувано, се пласираше во осмина-финалето на Светското првенство во Русија, а „Кариоките“ иако не блескаат, сепак докажаа дека се меѓу фаворитите за освојување на пехарот.
Речиси сите најмногу очекуваа од Нејмар кој што засега го привлекува најмногу вниманието со смешната фризура, но и со бројните падови и симулации на теренот.
Поради тоа, некој друг се наметнува како вистински лидер на Бразил на теренот, а тоа е ѕвездата на Барселона, Филипе Кутињо.
Кутињо стана првиот Бразилец после легендарниот Пеле кој што успеал директно да учествува при постигнувањето на барем еден гол на воведните три натпревари на Светското првенство. Тоа на Пеле му успеало во 1958-ма година, а Кутињо на Мундијалот во Русија погоди против Швајцарија и Костарика, додека забележа и една асистенција до Паулињо на дуелот против Србија.