Селекцијата на Белгија издвојува триумф над Англија и го освои првото место во групата Г на мундијалот во Русија.
Избраниците на Роберто Мартинез славеа со 1-0, а решавачкиот потег на мечот се случи во 51 минута кога Аднан Јанузај со мајсторски прецизен удар ја смести топката зад голманот Пикфорд. На овој начин Белгијците ја завршија групната фаза со перфектен учинок и 9 освоени бодови што значи за противник во осминафиналето ќе ја имаат репрезентацијата на Јапонија.
Од друга страна пак Англија остана на 6 поени и во првата нокаут фаза ќе се соочат со Колумбија.
Во вториот вечерен натпревар Тунис со пресврт славеше над Панама со 2-1.