Почина ексфудбалерот на Тотенхем и Звезда, Буњевчевиќ

Поранешниот фудбалер на Црвена звезда и на Тотенхем, Горан Буњевчевиќ почина на 45 години, откако пред еден месец доби аневризма на 20 мај.

Буњевчевиќ, кој во кариерата играше во Рад, Црвена звезда, Тотенхем и АДО Ден Хаг, имаше и 16 настапи за поранешната репрезентација на СР Југославија. Буњевчевиќ дојде во Тотенхем во 2001 година, и имаше 51 настап за премиерлигашот до 2005 година.

Во август 2016 година тој беше именуван спортски директор во Српската фудбалска федерација.

По победата на Србија над Костарика на 17 јуни, во првиот меч на Мундијалот, капитенот Александар Коларов ја посвети победата и неговиот гол на Буњевчевиќ.

Треба да знаете
Последни објави