Oваа брза и едноставна лења-пита ќе го освои срцето на целото семејство, ова лето.
Потребни состојки:
3 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша масло
2 чаши брашно
1 чаша јогурт
1 прашок за пециво
1 кг. кајсии (измиени и исецкани)
2-3 лажици гриз
шеќер во прав за посипување
Начин на подготовка:
Кајсиите ставете ги во тенџере со малку вода за да омекнат, а потоа додајте го гризот и малку шеќер. Изматете ги јајцата со шеќер, масло, брашно, прашокот за пециво и јогуртот. Матете додека не добиете хомогена смеса.
Две третини од смесата ставете во тавче и печете додека не фати кора. Потоа, извадете од рерната и прекријте го тестото со кајсиите (исцедени), и додадете го остатокот од смесата за печење. Печете околу 30-40 минути. Извадете ја од рерната и посипете со шеќер во прав кога малку ќе се олади.