Австриец е обвинет дека во тек од 13 години се здобил со околу 250.000 евра од пензискиот приход на неговата мајка, чија смрт ја криел. Ова го објави обвинителството во австриски Инсбрук.
Педесет и седумгодишниот маж кој со својата мајка живеел во Австралија, не пријавил кога таа починала во 2005 година, па продолжил да добива разни бенефиции наменети за неа од германски, швајцарски и австриски организации.
Осомничениот бил приведен во Австралија, но одбил да сведочи. Според законите во Австрија, матичната земја на престапникот, тој може да добие до пет години затвор.