Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство 2018 против Франција, рече дека неговиот тим ќе биде под огромен психолошки притисок.
– Аргентина ќе игра со нож меѓу забите. Знаете какви се очекувањата во земјата и што значи фудбалот за Аргентинците. Сите ја видовте реакцијата по пласманот во осминафинаето кој „висеше“ до последен момент. Не очекува тежок меч, но се зависи од нас самите. Мораме да ја контролираме играта. Ако не го сториме тоа ќе има многу физичка борба, а нам тоа не ни одговара. Франција е тим кој брзо ја движи топката, игра цврст фудбал и затоа не треба да им дозволиме да се „растрчаат“, рече Сампаоли.
Аргентина и Франција попладне од 16 часот во Казањ го отвораат осминафиналето на Мундијалот во Русија.