Природниот шеќер кој се наоѓа во овошјето секако е подобар од било кој додаден шеќер. Сепак, добро е да знаете колку шеќер внесувате во организмот кога јадете необработено овошје, пиете некој напиток од овошје, или уживате во овошната салата. Ви ја претставуваме листата со овошје кои имаат најмногу и најмалку шеќер.
5 видови овошје со најмногу шеќер:
1. Личи или азиска цреша
Во околу 130 гр азиска цреша се кријат околу 29 гр шеќер. Треба да ја консумирате умерено бидејќи оваа количина на личи содржи и 136 милиграми калциум, што го надминува дневниот препорачан внес од 75 милиграми.
2. Смоква
Околу 27 грама шеќер се наоѓаат во околу 130 грама смокви. Сепак, тие се многу здрави и содржат многу влакна и калиум.
3. Манго
Во 130 грама од ова егзотично овошје се наоѓаат околу 23 грама шеќер. Мангото обезбедува и повеќе од една третина од препорачаната дневна доза на витамин А што значи дека помага во одржувањето на здравјето на очите.
4. Цреша
Во 130 грама цреши може да се најдат 18 грама шеќер и само 100 калории поради што ова овошје може да се консумира пред спиење. Освен тоа, тие помагаат подобро да спиеме бидејќи се еден од ретките извори на мелатонин, хормон кој помага во регулацијата на циклусот на спиење.
5. Грозје
И црното и белото грозје содржат околу 15 грама шеќер во 130 грама плод. Црното грозје е богато со антиоксиданти, а и двата вида содржат многу корисни влакна.
5 видови овошје со најмалку шеќер:
1. Авокадо
Во едно авокадо се наоѓа едвај еден грам шеќер. Освен тоа, содржи и здрави масти кои ќе ве заситат.
2. Брусница
Во 130 грама од ова бобичесто овошје се наоѓаат само 4 грама шеќер. Брусницата е многу корисна за здравјето на срцето и уринарниот тракт.
3. Малини
Една од омилените овошки во напитоците во 130 грама содржи 5 грама шеќер. Покрај тоа, малините се побогати со влакна од останатото бобичесто овошје, па така и повеќе ќе ве заситат.
4. Капини
Во 130 грама капини се наоѓаат 7 грама шеќер, па не мора да се грижите дека ќе се чувствувате летаргично ако претерате со капините.
5. Јагоди
Околу 7 грама шеќер и 85 милиграми витамин Ц (препорачаниот дневен внес е 75 милиграми, но без грижа вишокот витамин Ц лесно се исфрла преку урината) се наоѓаат во 130 грама јагоди.