Започнете го денот со вкусен оброк кој изобилува со омега 3 масни киселини.
Тушт е горчлива и солена билка која често се користи во медитеранската и индиската кујна. Половина шолја тушт содржи повеќе од 1.000 IUs витамин А, што ja прави најевтината здрава храна на светот. Од друга страна, јајцата, збогатени со омега 3 масни киселини се преполни со протеини, витамини, антиоксиданти и други нутриенти кои согоруваат калории.
Состојки:
– Маслиново масло
– ½ кромид со средна големина (сецкан)
– 2 шолји тушт (без стеблото)
– 1 пиперка халапењо или серани (сецкања)
– 4 омега 3 јајца
– 4 пченкарни тортиљи
– сол
Подготовка:
Ставете маслиново масло во тавче и додадете го кромидот, па динстајте го. Додадете тушт и пиперка, па динстајте околу две минути.
Додадете ги јајцата, па лесно мешајте ги со останатите состојки. Кога јајцата се речиси готови, загрејте ги тортиљите во сува тава.
Посолете ги јајцата и ставете ги врз тортиљите, можете да ги прелиете со вашиот омилен сос.