Што можеме да очекуваме во првиот ден од јули?
Овните чувствуваат притисок, Биковите се во љубовен занес, Лавовите се уморни а Јарците и Рибите во одлично расположение.
Овен
Работа – Иако е викенд, вие чувствувате притисок од работата. Опуштете се малку, имате одличен пристап и поддршка од колегите, нема простор за нервози.
Љубов – Постои личност од минатото која не сакате да ја заборавите и се однесувате како тоа да не е важно, но тоа ве мачи. Потрудете се да тргнете напред и да дадете шанса на нови луѓе и искуства.
Здравје – Имате големи нервози.
Бик
Работа – Доколку сте подготвени на поголеми проблеми, би било добро да почекате одреден период додека не сте сигурни во тоа. Опуштете се, недела е ден за одмор.
Љубов – Ви се допаѓа една личност веќе долго време, но иако и давате до знаење, не сте многу конкретни. Потрудете се повеќе.
Здравје – Здравјето ви е добро, не чувствувате никакви тегоби.
Близнаци
Работа – Окружени сте со поголема група на луѓе и до вас стигнуваат различни информации. Дел од нив не се воопшто точни. Фокусирајте се на важните работи кога станува збор за работата.
Љубов – Сакате строга поделба кога станува збор за машките и женските работи. Не сакате да правите работи кои сметате дека не се ваша одговорност.
Здравје – Внимавајте на малите сигнали.
Рак
Работа – Денес ќе се потрудите да бидете сами и да не мислите толку многу на работата. Вие не носите конкретни одлуки и не покажувате голема заинтересираност за тоа што е ваша работна задача.
Љубов – Доколку сте во подолга врска, можете да имате конкуренција. Запрашајте се каде води врската. Не дозволувајте компромис кога станува збор за неверство.
Здравје – Одморете се.
Лав
Работа – Работата ве уморува многу и размислувате да се повлечете од обврските, барем на кратко. Не се откажувајте од задачите, туку само повлечете се на кратко и собирајте нови идеи и инспирација.
Љубов – Денес сте склони кон тајни авантури и во тоа уживате некако. Не дозволувајте тоа да и влијае на врската во која што сте.
Здравје – Имате болки во коските.
Девица
Работа – Не се занимавајте со работи кои не се однесуваат на вас, кога станува збор за работата. Сакате да ги донесувате сите одлуки, но прашајте се како тоа изгледа кај колегите.
Љубов – Немате многу потреба за љубов, бидејќи фокусот како и секогаш ви е кон работата. Ништо конкретно нема да се случи доколку не сакате.
Здравје – Ве мачи несоница.
Вага
Работа – Ќе морате малку повеќе да работите и да се посветите на своите работни обврски. Не сте во ситуација да бидете мрзеливи. Бидете трпеливи уште малку. Вашите желби ќе бидат исполнети.
Љубов – Не ги отежнувајте работите, бидејќи немате многу избор. Бидете тпреливи.
Здравје – Внимавајте на имунитетот.
Шкорпија
Работа – Повремено некои работи не ве интересираат особено кога станува збор за изливите на бес ос трана на колегите и тоа е во ред. Сакате да се држите на страна и гледате на целта. Внимавајте само така да не пропуштите нешто важно, што може да влијае на вашиот успех.
Љубов – Не покажувате особена заинтересираност за спротивниот пол. Во вашиот живот пости една Девица за која морате да се потрудите да бидете реални.
Здравје – Солидно здравје.
Стрелец
Работа – Можни се одредени рестрикции за вас на работа, но и помалку пари. Не реагирајте пребурно околу тоа, потрудете се смирено да пристапите на проблемот.
Љубов – Моментално сте незадоволни од партнерот, но тоа нема да трае долго.
Здравје – Внимавајте во сообраќајот.
Јарец
Работа – Вашето поле на работа ќе биде многу нагласено во текот на денешниот ден иако е викенд. Ангажирајте се повеќе за да се докажете.
Љубов – Не се откажувате од идејата да бидете со една личност родена во знакот Риби. Ова е добра можност за вас.
Здравје – Немате причина за грижа.
Водолија
Работа – Доколку се занимавате со ИТ и не сте моментално вработени, денес ќе биде одлична можност за вас.
Љубов – Ако сте се заљубиле во некоја Вага, не носите нагли одлуки. Бидете трпеливи.
Здравје – Можна е аритмија.
Риби
Работа – Не заборавајте на работните обврски иако е викенд.
Љубов – Немате намера да го менувате мислењето на партнерот, но сепак треба да бидете подготвени и на компромис од ваша страна.
Здравје – Внимавајте на стресот.