Едноставно правилно кое ќе ви помогне да се ослободите од надуеност

Според ново истражување, времето кога јадете може да биде еднакво важно, како и храната која ја внесувате во својот организам.

 

Оброците во растојание од осум часа, помеѓу 10 и 18 часот, можат да ви помогнат да загубите поголема телесна тежина, отколку при правилно балансирана вечера, покажуваат резултати од истражувањa.

Новото истражување ги истражуваше оброците во рамките на осумчасовен период, поточно од 10 до 18 часот, кај возрасни дебели лица.

Заклучено е дека дури и без броење на калории, возрасните кои јаделе во текот на осум часа загубиле поголема тежина, во однос на оние кои јаделе во рамките на 10 или 11 часа преку ден.

Нутриционист вели дека јадењето во рамките на ограниченото време исто така може да биде тајната за елиминирање на појавата на подуен стомак.

Со практикувањето на овој начин на исхрана, познат и како временски ограничено хранење, можете да ја намалите подуеноста и да имате рамен стомак.

Треба да знаете
Последни објави