Состојки:
600 гр нектарини
4 јајца
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
6 лажици масло
9 лажици врела вода
250 гр брашно
1 прашок за печиво
600 мл млеко
2 кесички пудинг од слатка павлака (може и ванила)
200 гр шеќер
200 гр маргарин
лимон
200 гр кисела павлака
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната на 180 степени, намастете тепсија со маргарин и посипете со брашно. Праските измијте ги и исечкајте ги.
Разматете жолчки со шеќер и ванила. Измешајте масло и врела вода па додајте брашно и прашок за печиво. Посебно разматете белки па лесно измешајте ги во претходната смеса. Ставете ја смесата во тепсија, израмнете па посипете со исечкани праски. Печете додека не порумени, околу 30-40 минути.
500 мл млеко згответе со шеќер, во 100 мл млеко измешајте пудинг и згответе. Изрендајте кора од лимон и оставете кората и филот да се изладат.
Во пудингот измешајте разматен маргарин и павлака. Премачкајте преку колачот и оставете до наредниот ден да отстои. Украсете по желба и послужете.