Подгответе вкусен чоколаден сладолед.
Состојки:
5 жолчки од јајца
8 лажици шеќер
1 лажица густин
1 пакетче ванилин шеќер
600 мл млеко
200 грама чоколада за готвење
250 мл слатка павлака
Подготовка:
Со миксер изматете ги жолчките, густинот и 150 мл млеко. Остатокот од млекото ставете го да се вари, заедно со шеќерот и ванилата. Откако млекото ќе зоврие, додадете ја смесата со жолчките со постојано мешање, па варете со постојано мешање, се додека смесата не ја добие потребната густина.
Откако смесата ќе ја добие потребната густина, тргнете од оган, па додадете ја чоколадата и мешајте се додека не се растопи. Кога сместа малку ќе се излади додадете ја и слатката павлака, па се добро измешајте.
Сладоледот ставете го во сад со капак за да одстои во ладилник и добро да се излади. Готовиот сладолед е послужен во посебен сад.