10 причини за чаша пиво

Доколку во пивото уживате умерено, тоа ќе има бројни позитивни ефекти на вашето здравје. За умерено се смета до шест кригли неделно, а сè што е повеќе од ова, се смета за претерано и ги зголемува ризиците од болести на срцето, црниот дроб и некои видови на рак.

 

Го штити срцето

Чаша пиво дневно го намалува ризикот од болестите на срцето за една третина. За најдобра заштита, се препорачува пиво со пет отсто алкохол секој ден.

Го спречува дијабетесот

Лицата кои пијат пиво три до четири пати неделно се изложени на помал ризик да заболат од дијабетес, покажува студијата на Европската асоцијација за проучување на дијабетесот. Лицата кои консумирале пиво до шест пати неделно, биле изложени на 21% помал ризик. Според стручњаците, пивото спречува нивото на шеќерот во организмот да се зголеми енормно и ја подобрува реакцијата на организмот на инсулинот.

Добро е за мозокот

Состојките на пивото му помагаат на мозокот да се заштити од различни материи кои се таложат и доведуваат до опаѓање на мозочните функции.

Истражувачите од Универзитетот Лајола во Чикаго откриле дека луѓето кои умерено консумираат пиво имаат 23% помал ризик да заболат од Алцхајмер.

Од друга страна, прекумерното консумирање на алкохол, три до пет чаши дневно, поврзано е со зголемен ризик од Алцхајмер.

Ги зајакнува коските

За ова се заслужни истите состојки кои го штитат мозкокот. Луѓето кои консумираат пиво имаат поголема густина на коските во однос на оние кои не пијат. Но, доколку пиете премногу пиво, коските стануваат послаби, па затоа бидете умерени.

Штити од болести

Студиите покажуваат дека помага во ублажувањето на воспаленијата во телото, а за ова е најзаслужен хмељот.

Ги штити белите дробови

Повременото и умереното консумирање пиво ги штити белите дробови. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои умерено пијат подобро поминуваат на тестовите за дишење отколку оние кои никогаш не пијат и се изложени на ризик помал за 20%. Хмељот во пивото помага и во борбата против настинки и инфекции на белите дробови.

Го намалува крвниот притисок

Пивото е добро за срцето, но и го намалува крвниот притисок. Оние кои пијат пиво умерено, имаат понизок крвен притисок во однос на оние кои пијат друг алкохол во умерени количини.

Ги штити бубрезите

Пивото спречува формирање на камен во бубрезите. Научниците веруваат и дека го забавува ослободувањето на калциумот во телото, кој е одговорен за формирање на камен во бубрезите.

Хранливо е

Се разбира, ова не значи дека пивото треба да ви биде замена за храна. Пивото содржи повеќе протеини и витамин Б од виното, а содржи иста количина на антиоксиданси како него. Но, содржи и нијацин, кој е добар за кожата и косата.

Добро е за забите

Алкохолот генерално не е добар за забите бидејќи остава дамки, но пивото помага забите да останат бели. Причината за тоа е што спречува размножување на бактериите кои се формираат на забите.

Сега, можете со уживање да испиете чаша пиво. На здравје.

Треба да знаете
Последни објави