Заев: Ќе наложам трудовата инспекција да влезе во ИВЗ

Заев: Ќе наложам трудовата инспекција да влезе во ИВЗ

Јас лично ќе наложам трудовата инспекција да влезе во Исламската верска заедница (ИВЗ) но и во другите за да ги испита обвинувањата што се посочуваат во јавноста, рече премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање на пратеникот од СДСМ Мухамед Заќири.

„Владата негува добар однос со сите верски заедници и ние не сме надлежни да се инволвираме во нивната работа со оглед на секуларноста на државата. Но трудовата инспекција ќе добие налог лично од мене принципиелно да испита дали и на кој начин се плаќаат придонесите во ИВЗ. И не само во ИВЗ туку и во другите верски заедници затоа што законот мора да важи за сите подеднакво“, рече Заев.

Тој информираше дека неколку државни институции веќе вршат контрола на работата на неколку верски заедници без при тоа да потенцира за кои заедници станува збор.

„Знам дека МВР врз основа на поединечни пријави води истраги во врска со работата на некои верски заедници. Не би сакал да зборувам за детали затоа што има и случаи пред Европскиот суд во Стразбур а се поврзани со верскиот амбиент во Македонија“, рече Заев.

Зекири денеска од собраниската говорница го обвини поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи дека работи незаконски и ги повика Управата за јавни приходи (УЈП), Финансиската полиција и Трудовата инспекција да влезат во оваа верска заедница за да испитаат дали и како Реџепи ги плаќа давачките кон државата и на кој начин располага со парите од верниците.

Треба да знаете
Последни објави