Домаќинот на светското првенство, Русија, за четврт-финалниот натпревар против Хрватска нема да може да смета на услугите на еден од своите најдобри фудбалери Јуриј Жирков.
34-годишниот лев бек беше заменет во полувремето на натпреварот против Шпанија, а рускиот селектор, Станислав Черчесов, открил дека за Жирков СП е завршено.
„Има повреда на Ахиловата тетива. Ќе направиме уште неколку прегледи, но мислам дека Жирков го одигра својот последен меч на СП“, рекол Черчесов.
За очекување е дека неговото место во тимот ќе го заземе Владимир Гранат, кој одигра солидно во второто полувреме и продолженијата, против фаворизираната Шпанија.