Кафето може да го продолжи животот

Нови истражувања нудат дополнителни причини да се пие кафе, кое, според истражувањата, може да ги зголеми шансите за долг живот.

 

Во истражувањето кое опфати речиси половина милион возрасни Британци, кај оние кои пијат кафе забележан е нешто помал ризик од смрт, во однос на оние кои не пиеле кафе во период подолг од 10 години.

Дури и оние кои пиеле најмалку осум шолји кафе дневно, забележале добри резултати, кога е долговечноста во прашање.

Кафето содржи повеќе од 1.000 состојки кои би можеле да го објаснат тој ефект, вклучувајќи и антиоксиданси кои ги штитат клетките.

Подобрување во овој аспект е забележано со инстант кафе, мелено кафе, како и кафе без кофеин. Со ова истражување се потврдуваат заклучоците од претходните истражувања.

Меѓутоа, ова е прво истражување кое покажува дека кафето има добро дејство и врз луѓето со гени кои предизвикуваат нивниот метаболизам побрзо или побавно да го вари кафето, во однос на она што е вообичаено.

 

Треба да знаете
Последни објави