СОСТОЈКИ:
150 гр. кељ
1 тиквичка
2-3 лажици магдонос
4 јајца
1 кромид
3 чешни лук
1 шолја млеко
1 лажица брашно
½ шолји сланина
малку бибер
сол
маслиново масло
ПОДГОТОВКА:
Се мие кељот се вари со малку сол околу 7 минути, па се цеди.
Се сече ситно.
Во тава се става масло и ситно сечен кромид, па сланината ситно сечена, па лукот.
Се пржи заедно 3-4 минути.
Се додава и кељот ситно исечен, се додава и ренданата тиквичка.
Се вари околу 10 минути.
Се додава и брашно и се остава малку да се пропржи, со постепено додавање млеко , по што ќе стане густ ручекот.
Ставете и зачини и магдонос и мешајте.
Нека се олади, па ставете ја во подмачкан плех на 180 степени околу 40 минути.