Лесен за припрема, но и многу евтин.
Потребни состојки:
1 чаша ориз
2 чаши вода
О.5 л млеко
¾ чаша шеќер
5 лажици кокос
1 жолчка
100 гр. чоколадо
100 мл. Неутрална павлака
Начин на подготовка:
Ставете го оризот и водата во тенџере и оставете да се вари. Во меѓувреме, во друго тенџере ставете 5 лажици кокос и 0.5 л млеко и варете на средна температура, за да добие арома млекото.
Кога ќе испари водата од оризот, процедете го млекото и додадете го во оризот. Потоа додадете го шеќерот и неколку зрнца сол.
Мешајте постојано со лажица и не дозволувајте да загори. Кога оризот ќе се свари, тргнете го од шпоретот и додајте 1 жолчка. Добро измешајте и ставете ги во мали танирчиња.
Додека се лади таа смеса, загрејте 100 мл. неутрална павлака до точка на вриење. Потоа, додајте 100 гр. чоколадо. Мешајте додека не се истопи чоколадото и додека не се соединат добро павлаката и чоколадата.
Оваа смеса прелијте ја врз сутлијашот. Оставете да се олади и уживајте во вкусот.