Репрезентацијата на Аргентина разочара на Светското првенство во Русија каде што беа елиминирани во осмина-финалето од Франција.
Аргентинците иако во Русија пристигнаа како една од репрезентациите кои што беа фаворит за титулата, сепак „Гаучосите“ се вратија дома со само една остварена победа (против Нигерија), реми против Исланд и два порази – од Хрватска и Франција.
Диего Марадона беше на трибините на стадионите во Русија каде што со своите последни атоми од силата ги бодреше избраниците на Сампаоли. Тој сега вели дека е подготвен да се врати на селекторската позиција и би работел дури и бесплатно.
„Подготвен сум да се вратам и да бидам селектор и навистина сакам тоа да се случи. Доколку некој ме повика од Фудбалскиот сојуз на Аргентина подготвен сум да работам и бесплатно. Не ми е потребна никаква плата“, изјави Диего Марадона.