Двајца мигранти од Авганистан се откриени вчера во 9:40, часот од страна на полицајци од Полициската станица за Граничен надзор „Михајлово“ на автопат Неготино-Градско во близина на „Стоби“.
Со истите бил извршен разговор и тие изјавиле дека пред два дена илегално пеш ја преминале грчко-македонската граница.
Мигрантите ориентирајќи се по пругата, вчера во 7 часот во близина на железничката станица во Неготино биле пресретнати од страна на четири лица и над нив било извршено разбојништво при што, по нивно кажување им биле одземени 700 евра и два мобилни телефони. Од страна на полициските службеници мигрантите се предадени на полициски службеници од Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.