(Видео) Мицкоски најави протест во Струмица в недела

Мицкоски најави протест во Струмица в недела

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека в недела партијата ќе одржи протестен марш во Струмица. Во неговото обраќање до граѓаните тој рече:

„Владата и министрите кои те убедуваат во сосема спротивна розова и разубавена слика од она која реално ја гледаш и чија суровост ја живееш секој ден те прави пасивен. Дополнително ти вели премиерот името Македонија морало да се избрише, ама пустото боли, пече, затоа што тоа е името под чиј бајрак и име растеле и умирале твоите предци, и под чиј код се родени твоите деца. Името кое го изговараш со чест, достоинство и трепет во душата и сега ти велат морало да се откажеш затоа што само така ќе било подобро, а ти знаеш дека тоа не е така. Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема“.

 Да ја победиме неправдата, додава тој, и да се чуе тој пркосен глас кој силно вреска во вашите срца и да кажеме дека мора подобро.

Протестниот марш ќе почне во 13 часот од паркот во Струмица по шеталиштето до општината Струмица.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/1002285823280210/

 

Треба да знаете
Последни објави