Се запали автобус на ЈСП во Кисела Вода
Градски автобус на ЈСП-Скопје што сообраќа на линијата „24“ претпладнево се запалил на постојка во Кисела Вода, повредени патници нема.
Од ЈСП-Скопје, велат дека пожарот настанал од инсталацијата. Возачот интервенирал за да го изгасне пожарот, но повикал и екипи од Противпожарната служба.
Три пожарникарски возила и осуммина пожарникари речиси еден час го гаснеле пожарот кој се случил на последната станица во Кисела вода, а автобусот бил празен.
Автобусот бил од постаро производство од марката „МАН“ дел од возниот парк на ЈСП.
Пред само десет дена се запали уште еден автобус на ЈСП, со број 2, кај трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4.