Трагедија во Илинден, девојче се удави во дупка со вода
Во скопската населба Илинден денеска во 14.30 часот извадено е удавено девојче од огромна дупка полна со вода. Бидејќи увидот не е завршен, МВР сè уште нема информации за возраста на удавеното девојче, а не ги соопштува официјално ни причините за смртта.
„Нема комплетна информација за тоа кој ја ископал големата дупка која се наполнила со вода и ја оставил незаградена. Првичните информации се дека на местото требало да се гради зграда. Не можеме да тврдиме сè уште како девојчето се нашло таму и се удавило. Се разговара и со нејзините родители“, велат од МВР, од каде најавуваат официјална информација по завршување на постапката на терен.