Во водите на реката Вардар е пронајдено женско тело заглавено во гранки.
Вчера во 10:40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека по течението на реката Вардар, било забележано човечко тело заглавено во гранки.
Од страна на полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Неготино веднаш биле преземени мерки, и по извршениот увид констатирано било дека се работи за женско тело во фаза на распаѓање, на возраст од околу 60-70 години. По наредба на Јавен обвинител телото било предадено во Институт за судска медицина заради утврдување на идентитетот и причините за смртта.