Крушевчанец се самоповредил со пиштол пукајќи пред жената и детето. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 15:30 часот на патот од село Црнилиште кон село Ропотово кај монополот на излезот од село Црнилиште.
Ф.А.(24) од село Норово, Крушевско, кој бил сопатник во возило со скопски регистерски ознаки, а управувано од неговиот татко, од фиоката во возилото извадил пиштол и со намера да пука надвор, испукал неколку пати и се повредил во потколеницата на левата нога, при што се здобил со прострелна рана.
Потоа бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Во возилото биле присутни и сопругата на повредениот со малолетното дете и неговата мајка. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп.